Фото: Фејсбук Љупчо Палевски
НЕ СЕ БОДЕВМЕ - и во Скопје протести пред Собранието против најавените антиковид мерки
По Ротердам, Виена и Загреб, денеска и во Скопје, пред парламентот, имаше протести.
Фотографија од протестите објави и Љупчо Палевски, кој под фотографијата напиша „Не се бодевме“.
Протестот беше на оние граѓани кои не сакаат забрана за влез на работните места во јавниот сектор на лица кои не се вакцинирани или не направиле ПЦР тест со негативен резултат. Сепак, можеа да се слушнат и теории на заговор во однос на болеста предизвикана од коронавирусот и вакцинацијата низ светот. Според протестантите, нив им се загрозени човековите права бидејќи немаат голем избор - или вакцинација или да бидат изложени на големи трошоци.
Слично
