„НЕ САМО ШТО ОДБИВААТ ДА СЕ ИЗВИНАТ, ТУКУ ЗА НИВ ЖЕНАТА СЕКОГАШ ИМАЛА СЕКУНДАРНА И НЕВАЖНА ПОЗИЦИЈА“ - се огласи Кристина Костова од СДСМ
Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ, се осврна на вчерашното интервју на министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриевска на фејсбук.
„Запрепастувачко, ама не и неочекувано ниво на ароганција од ДПМНЕ. Тоа го покажа Гордана Димитриеска-Кочоска во синоќешното интервју за Сител, во кое се отсликува суштината на сиот однос кој ДПМНЕ го има кон жените.
Не само што одбиваат да се извинат, што би било човечки, тие одбиваат да го уважат постоењето на секоја жена која по некоја основа излегува од угнетувачките родови калапи на патријархатот.
Затоа што за ДПМНЕ, жената отсекогаш имала секундарна, неважна позиција. Затоа што за ДПМНЕ, нема што жена да се осмелува да биде силна, гласна и да не подлежи на контрола. Затоа што за ДПМНЕ, на жената местото не ѝ е во јавното, каде ќе говори против тактиките за родово угнетување. За ДПМНЕ, право на постоење во јавност имаат само тие жени што ги интернализираат и се согласуваат да ги проповедаат тактиките за родово угнетување. Затоа ѝ е дозволено на Гордана и на другите дпмневски гордани да стигнат до функција, затоа што тие не само што нема да го загрозат, туку и со своите мизогини настапи уште повеќе ќе го крепат родово дискриминаторското статус кво.
Секако, пара уши гласниот молк на нивните коалициони партнери по ова прашање. За пет дена сите тие ќе се дрзнат да ни честитаат Осми март, иако темата не е затворена. Оти темава не се затвора зашто тие така посакуваат. Темава се затвора со оставка. Оставка веднаш!“, пишува на фејсбук Костова.
Слично
