Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ САКАЛЕ ДА ГИ ПРИМАТ УВЕРЕНИЈАТА СОВЕТНИЦИ ЗАТОА ШТО БИЛЕ НАПИШАНИ САМО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: ДУИ тензично ја започна работата во Советот на град Скопје

НЕ САКАЛЕ ДА ГИ ПРИМАТ УВЕРЕНИЈАТА СОВЕТНИЦИ ЗАТОА ШТО БИЛЕ НАПИШАНИ САМО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: ДУИ тензично ја започна работата во Советот на град Скопје

Тензично започна процесот на конституирање на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера одбија да ги примат уверенијата за избор на советници, бидејќи, како што истакнаа, документите биле издадени само на македонски јазик.

Според нив, со тоа се прекршува Законот за употреба на јазиците, кој предвидува сите официјални документи во институциите да бидат издадени на двата службени јазици.

По реакцијата, за само неколку часа биле подготвени нови уверенија на македонски и албански јазик, кои потоа ги примиле и советниците од ДУИ.

Останатите членови на Советот, меѓу кои и новоизбраните претставници од коалицијата ВЛЕН, ги примија уверенијата без забелешки. Со ова формално започна работата на новиот состав на Советот на Град Скопје.

Уверенијата се потпишани од претседателката на Изборната комисија на Град Скопје, Марија Мошев.


Слично

Поврзани вести