НЕ САКАЛ ДА ЈА ОТСЛУЖИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА: уапсен бегалец од Идризово
Бегалец од Идризово денеска е приведен од полицијата. Тој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд, поради бегство од КПУ Идризово, каде требало да одлежи затворска казна од пет години и осум месеци.
- Полициски службеници од ПС Центар денеска во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот А.С. (26), кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд, поради бегство од КПУ Идризово. А.С. бил осуден на казна затвор од пет години и осум месеци по чл.236 од КЗ. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа - соопшти МВР.
Слично
