Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ САКА ПАЗАРЕЊА: Весел Мемеди си оди од Владата

НЕ САКА ПАЗАРЕЊА: Весел Мемеди си оди од Владата

Лидерот на НДП, Весел Мемеди, најави дека ќе поднесе оставка на функцијата потпретседател на Собранието, а оставки ќе поднесат и сите директори и членови на управни одбори предложени од партијата, поради тоа што реконструкцијата на Заев го опфати и министерот за локална самоуправа, кој е кадар на НДП.

Мемеди денеска изјави за медиумите дека не може да се пазари со премиерот Зоран Заев за Министерството за локална самуправа. Тој побара од Заев да го повлече предлогот за разрешување на нивниот министер, а ДУИ да не гласа за истиот предлог.

„Не може да има пазарења со министерството бидејќи ова министерство секогаш им припаѓаше на Албанците. Немам мандат да го дадам ова министерство на СДСМ. Немам морално право да го жртвувам министерот Сухејл Фазлиу, зад кој стои национална и верска елита“ – рече Мемеди.

Вели дека позициите не се важни за НДП и додаде дека освен Собранието, оваа партија ќе ја напушти и извршната власт.

Слично

Поврзани вести