Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ РАБОТАТ А ПРИМААТ ПЛАТА: На пратениците им се исплатени 320 000 евра а не стапнале во Парламентот!

НЕ РАБОТАТ А ПРИМААТ ПЛАТА: На пратениците им се исплатени 320 000 евра а не стапнале во Парламентот!

На пратениците во македонскиот парламент за два месеци за плати им се исплатени повеќе од 320 000 евра, иако немале ниту еден работен ден после верфикацијата на мандатите.

Најниската пратеничка плата, без учество во парламентарните седници, од 1335 евра, според правилникот е три и пол пати поголема од просечната плата во земјава, покажува анализата на порталб.мк.

„Така им следува. Некои од нив поднесоа оставка на работните места кои ги имаа и не смееме да ги оставиме без приходи“, рекол советникот за односи со јавност во собранието Тодор Пендов на прашањето дали пратениците редовни примаат плата.

Пратениците, кои во новиот состав на парламентот ги има 120, на 30 декември лани добија верификувани мандати после што е прекината седницата. Поради непостоење на парламентарно мнозинство тогаш не е изберен претседател на Собрание.

Состојбата дополнително се закомплицира кога пред две недели претседателот Ѓорге Иванов одби да му го додели мандатот за формирање на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев иако формираше мнозинство со албанските партии ДУИ , Беса, и Алијанса за Албанците.

Слично

Поврзани вести