Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не пушете... и уште неколку клучни работи за да бидете поотпорни на Ковид-19

Не пушете... и уште неколку клучни работи за да бидете поотпорни на Ковид-19

Додека е навистина тешко време за живеење, најважно е да останате социјално изолирани ама со добро физичко и ментално здравје. Ова нема да ви е помош на долг рок туку ќе ви помогне и да бидете поподготвени да го поминете заболувањето Ковид-19, ако заболите. Светската здравствена организација ги дава овие совети - ги пренесе генералениот директор на организацијата Тедрос Адханом Гебрејесус.

- Јадете здрава храна за да го зголемите својот имунитет

- Ограничете го алкохолот и газираните пијалоци

- Не пушете - може сериозно да се влоши болеста

- Вежбајте барем 30 минути на ден за возрасни и еден час на ден за деца

- Ако ви е дозволено да излегувате, одете на прошетка, возете велосипед, но одржувајте безбедно растојание од другите. 

- Ако не можете да го напуштите домот, играјте дома, практикувајте јога или одете нагоре надолу по скалите.

- Ако работите од дома не останувајте долго во иста позиција

- Направете пауза од три минути секои 30 минути

- Тргнете го умот од кризата. Читајте книга, слушајте музика или играјте игра.

„Нормално е да се чувствувате лошо и да бидете под стрес. Читатјте вести само од проверени извори, вели Тедрос.

Слично

Поврзани вести