Не прифаќаме веќе децата да учат дека нашите предци се Татари, вели Колев
Не прифаќаме веќе децата да учат дека нашите предци се Татари, фашисти, окупатори и најголеми непријатели на Македонија, вели Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија, одговарајќи на прашање на бугарската агенција БГНЕС за тоа која била целта на нивната посета на Софија.
Тој кажа дека се во Софија за да добијат информација од прва рака.
„Овие преговори одлучуваат за нашата судбина и за судбината на нашите деца, дали тие ќе продолжат да живеат како втора категорија граѓани или ќе станат полноправни и рамноправни граѓани на сопствената земја. Се решава судбината на нашето историско минато и културно-историското наследство во Македонија“, нагласи Колев.
Тој изјави дека Бугарите во Македонија повеќе не прифаќаат рушење на спомениците на нивните дедовци, не прифаќаат нивните деца на училиште да бидат индоктринирани со антибугаризам и омраза кон Бугарија.
Бугарските власти не се откажуваат од барањето за внесување на Бугарите во Уставот.
foto BGNES
