Не постои предлог за испраќање на Бесмира Ејупи во конзулатот во САД, тврди Османи
Не постои предлог за испраќање на Бесмира Ејупи во конзулатот во САД, тврди шефот на дипломатијата, Бујар Османи.
Вели дека тие информации се шпекулации.
„Уште вчера портпаролите демантираа. Ние имаме конзул во Њу Џерси, Јордан Панов и тој има мандат до 2023 година. Не можам да кажам зошто тие нецелосно информации излегоа од затворената седница на Владата, затоа што изнесување информации од таква седница е казниво со закон“, изјави Османи во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.
Слично
