НЕ ПОРАДИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Силјановска Давкова кажа зошто ќе добиеме вето од ЕУ
Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вели дека во ЕУ ќе бидеме почитувани и рамноправни ако сме построени и уредени според Копенхашките критериуми.
„Ако имаме независното судство, ако се почитуваат правата и слободите, ако имаме европско образование, а не факултети кои се `фабрики за хартија`, па имаме повеќе доктори на науки по глава на жител од Британија“, изјави вечерва во гостување на тв Телма, Силјановска Давкова.
Таа вели дека ова со уставните измени „апсолутно не држи“, и дека ЕУ ќе ни стави вето и „ќе добиеме не знам колку вета поради непочитување на Копенхашките критериуми“.
Слично
