Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не помина предлогот на опозицијата – поврат на ДДВ за сите наместо наградна игра

Не помина предлогот на опозицијата – поврат на ДДВ за сите наместо наградна игра
Пратениците не го поддржаа предлогот поднесен од група опозиционери со кој се предвидува поврат на ДДВ за сите граѓани. Со опозицискиот предлог се предвидуваше секој граѓанин да добива 15 отсто повраток на данокот на додадена вредност за прометот извршен во земјата за добра и услуги. Според пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов, со оваа мерка ќе се намали сивата економија за 10 проценти. „Кога ја промовираше Социјалдемократскиот сојуз оваа мерка голем број на правници од Владата излегоа во медиумите и им објаснуваа на граѓаните на Република Македонија дека оваа мерка не може да се спроведе, дека би значело дупка во буџетот, дека граѓаните не би можеле, би значело многу администрација во спроведувањето на мерката, за да набрзо потоа, замислете, владата организира наградна игра „Фискална во рака, награда без мака“, додаде тој. Поддршка од пратениците не доби ниту предлогот за измена на Законот за рурален развој по скратена постапка со кој на земјоделските производители требаше да им се обезбеди набавка на гориво кое е за 50% поевтино од пазарната цена.
Слично

Поврзани вести