Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не помина предлог законот на СДСМ за помош за семејствата од Кочани

Не помина предлог законот на СДСМ за помош за семејствата од Кочани

СДСМ информираше дека нивниот предлог закон за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани не ја добил поддршката од владеачкото парламентарно мнозинство за да се стави на дневен ред.
„Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не гласаа и не го поддржаа предлогот на СДСМ на дневен ред да се стави Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани“, објави опозициската партија.
Претходно владеачката ВМРО-ДПМНЕ овој предлог го прогласи за популистички за собирање на ситни политички поени.


Слично

Поврзани вести