Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ПОМИНА ПАКЕТОТ МЕРКИ ЗА МЛАДИ НА ЛЕВИЦА: „За“ гласаа само 19 пратеници

НЕ ПОМИНА ПАКЕТОТ МЕРКИ ЗА МЛАДИ НА ЛЕВИЦА: „За“ гласаа само 19 пратеници

Собранието не ги прифати измените на пет закони кои ги предложи Левица како дел од  пакетот мерки за млади - „За“ гласаа само пратеници од опозициските партии. 

Мерките кои ги предложи оваа партија предвидуваа скратено и флексибилно работно време од шест часа за родители до шестата година на детето, контрола на пазарот со кириите, државна поддршка при купување на прв дом за млади, ваучери за неформална детска грижа и бесплатен јавен превоз за родители на деца до 6 години.

„Пакетот на мерки за младите опфаќа шест иницијативи регулирани преку пет закони. Со нив се адресираат најгорливите проблеми на младите и младите семејства - домувањето, родителството, условите за работа и секојдневниот економски товар“, образложија претходно од Левица. 

Партијата претходно ги повика владејачките партии да ги поддржат овие законски измени.


Слично

Поврзани вести