Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не помина интерпелацијата на Тошковски во Собранието

Не помина интерпелацијата на Тошковски во Собранието

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. 

Со 58 гласа „против“ и 19 „за“, пратениците на денешната седница не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски, која ја поднесе Левица.

Од Левица, но и пратениците од СДСМ се пожалија на скандали и безбедносни пропусти. Обвинија за неефикасност, неажурност и политизиранист на македонската полиција, а со тоа и на МВР, што, како што оценија, резултира со пораст на криминалот, убиства, афери и трагедии по непостапување во случаите на семејно насилство.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, застанаа во одбрана на Тошковски, оценувајќи дека актуелното раководство на МВР постигнало повисока ефикасност, разбило повеќе криминални групи и придонело за намалување на повеќе видови криминал.

Ова е трета интерпелација за работата на Тошковски. Две поднесе Левица, а една беше од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Претходната интерпелација на Левица за работата на Тошковски на дневен ред во Собранието беше на 29 април.

фото Фејсбук/Панче Тошковски

Слично

Поврзани вести