НЕ ПЛАНИРАЈТЕ ПИКНИК ЗА ПРВИ МАЈ: УМХР со неповолна прогноза
УМХР не најавува добра временска прогноза која ветува добар пикник со пријателите.
Ако планиравте да се дружите за први мај, времето според последната најава на метеоролозите нема да биде погодно.
Утре не чека сончево и топло време со мала облачност. Слаб ветер ќе има од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 24 степени.
До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен јужен ветер, повеќе изразен вдолж Повардарието. Утринските температури ќе бидат во постепен, а дневните во позначителен пораст.
Од ноќта кон сабота облачноста ќе се зголеми и за време на продолжениот викенд ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела ќе почне да дува северен ветер кој ќе донесе спуштање на температурите. Во понеделник попладне се очекува нестабилно време со појава на грмежи.
