Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ОТВОРАЈТЕ ПРОЗОРЦИ: Скопје седми најзагаден град ова утро

НЕ ОТВОРАЈТЕ ПРОЗОРЦИ: Скопје седми најзагаден град ова утро

Загаден воздух и утринава ги гуши жителите на метрополата.

Скопје во моментов е седмиот најзагаден град во светот, според листата на специјализираната веб страница „Ер вижуал“.

Кај ректоратот, во Центар и во Гази Баба , мерните станици ги надминуваат границите на дозволени ПМ честички.

Токму поради енормното загадување на воздухот, Владата усвои мерки и препораки, вклучувајќи и бесплатен јавен превоз и скратено работно време од 11 до 17 часот за трудници, повозрасни лица и хронично болни.

Запрени се и сите градежни работи на територија на град Скопје, а цените на јавниот паркинг во сопственост на ПОЦ се зголемени двапати се до укинување на вонредните мерки поради високото ниво на загаденост.

Слично

Поврзани вести