Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ОТИШЛА ДА ГИ ВИДИ РОДИТЕЛИТЕ, ТУКУ ОСТАНАЛА ВО ВОЗОТ НА СМРТТА - тажната судбина на младата Клаудија

НЕ ОТИШЛА ДА ГИ ВИДИ РОДИТЕЛИТЕ, ТУКУ ОСТАНАЛА ВО ВОЗОТ НА СМРТТА -  тажната судбина на младата Клаудија

Клаудија Лата имала само 21 година. Таа била студентка, која  се најде на списокот на жртвите од трагичната железничка несреќа.

За трите дена од „чистиот понеделник“, ученичката отишла во Патра, а потоа се качила во возот за да се врати во своето училиште.

Нејзините родители, кои живеат во село близу Лариса, ја замолиле да помине кај нив да ги види.

„Застани да те видиме“, ѝ рекле родителите, меѓутоа, таа одбила, за побрзо да стигне до Солун. Како што им објаснила, сакала да одмори неколку часа и да почне да се спрема за испит.

Клаудија Лата,  семејството ја прогласи за исчезната. Таа беше патничка во вториот вагон од трагичната железничка несреќа во Грција. Семејството Лата, во Лариса, ја објави загубата на социјалните мрежи. 

Слично

Поврзани вести