Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не оставивте вредност која не ја погазивте: Села му одговори на Заев

Не оставивте вредност која не ја погазивте: Села му одговори на Заев

За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не заборавајте едно, не сме сите исти. Тешко е да се разбере суштината на оставката бидејќи вие тоа го немате во себе. А тоа е совестa, моралот а не власта, напиша денеска Зијадин Села, лидерот на Алијанса на Албанците. Одговара на ставот на премиерот Заев кој денеска одговараше на новинарски прашања.

Заев рече дека Христијан Мицкоски и Зијадин Села не заслужувале да ја водат државата, бидејќи како што рече, ја злоупoтребиле трагедијата во тетовската модуларна болница.

„Мицкоски да дојде, премир да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи, рече Заев.


Слично

Поврзани вести