НЕ ОСТАНА ИМУН: Македонец на крузерот во Јапонија се заразил со коронавирус
Министерството за надворешни работи предмалку информриаше дека има промена во однос на состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess” во Јокохама и дека кај еден од нив е потврдено присуството на коронавирусот.
Како што се додава, заразениот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија, додека останатите двајца засега не се пожалиле на симптоми кои укажуваат на коронавирусот и рекле дека се добри.
Она што го посочија од МНР е дека нашата амбасада во Токио има постојана комуникација со македонскиот државјанин.
Се работи за лица кои работеле на крузерот, двајца мажи и една жена.
Коронавирусот дефинитивно коси во Кина, каде што бројот на починати веќе е над 1100 луѓе.
Бројките на Националната здравствена комисија вклучуваат 97 нови смртни случаи и вкупно 44.653 заразени откако епидемијата избувнува минатиот месец.
