НЕ ОПАЃА БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД: Вирусот брои и високи бројки на заразени
Бројките на новозаразени со ковид не престануваат да растат, а не опаѓа ниту бројот со починати секојдневно.
Во земјава, уште 30 лица починаа од ковид-19, а регистрирани се 572 нови случаи на таа инфекција, соопшти вчера Министерството за здравство.
Како што е наведено, во последните 24 часа биле направени 4.511 тестови за вирусот корона, а 12,68 проценти од тестираните биле позитивни.
Досега, 6.307 лица починале од корона вирусот во Македонија, 184.277 се дијагностицирани, а 12.893 се активни.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека уште 694 пациенти се опоравиле, така што вкупниот број на излечени пациенти се зголемил на 165.077.
Слично
