Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не одете никаде без чадор, попладне ќе врне дожд

Не одете никаде без чадор, попладне ќе врне дожд

Претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе имаме наоблачување и дожд.

Времето во Македонија ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневна температура од 26 Целзиусови степени. 

Утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се искачат до 28 степени. Деновиве имавме поплавени улици во Велес, но и поплавени куќи и дворови во Гостивар. Невреме вчера имало и во Кичево.

foto freepik.com/boyarkinamarina

Слично

Поврзани вести