Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ОДЕТЕ НИКАДЕ БЕЗ ЧАДОР: И денеска има најава за дожд

НЕ ОДЕТЕ НИКАДЕ БЕЗ ЧАДОР: И денеска има најава за дожд

Во делови од Македонија и денеска ќе врне. Во земјава денеска ќе преовладува умерено до значително облачно време со слаб локален дожд. Од пладневните часови на повисоките планини во западните делови ќе има и слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температурите се движат минус 3 до 6, а највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 5 и 14 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минатиот месец беше најтоплиот февруари во светот, предупредува климатската служба на ЕУ, пренесе Би-Би-Си. Секој месец од 2023 година има рекордно високи температури. 

foto freepik.com/boyarkinamarina

Слично

Поврзани вести