НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА А ЗЕМАЛЕ ПЛАТА: Почна чистката, новиот градоначалник избрка од работа 371 лице
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа изјави дека од работа се отстранети 371 лице, кои биле вработени во јавните претријатија, не работеле, а земале плата.
„Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а земале плата. Во минатото се правеа драми дека се постапува, дека некој се брка, но во суштина се правела само замена. Во овој систем, секој што врши злоупотреби, ќе биде отстранет,“ изјави Ѓорѓиевски.
Исто така, Ѓорѓиевски рече и дека имало злоупотреби во градот, каде што комуналните возила се користеле од фирми, на кои потоа им биле исплатувани пари како за советнички услуги.
Слично
