Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ НИ ОД ТАЛАТ ДА БИДЕ ПОДОБАР ОД КОВАЧЕВСКИ И ДА РАБОТИ ЗА МАКЕДОНИЈА„: Молошоски од собраниската говорница

„НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ НИ ОД ТАЛАТ ДА БИДЕ ПОДОБАР ОД КОВАЧЕВСКИ И ДА РАБОТИ ЗА МАКЕДОНИЈА„: Молошоски од собраниската говорница

Пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска обраќајќи се од собраниската говорница, пред изборот на техничката влада, рече дека не треба да се очекува Талат Џафери зда биде подобар премиер од Димитар Ковачевски и да работи за Македонија.

-Еден дезертер си даде оставка, за денес друг дезертер да седне во премиерската фотеља. Ниту оној што стана од фотељата, ниту овој што ќе седне, немаат искрени чувства кон Македонија, и затоа исто како и Ковачевски, најлошиот премиер до сега, не очекувајте ни од Талат да биде подобар и да работи за Македонија да стане успешна држава. Почитувани симпатизери на СДСМ, партијата ДУИ нема толку пратеници, ниту број на гласови за да избере премиер. Денес Ковачевски и Маричиќ евтино ја продадоа куќата на СДСМ, и за нивните фотељи, од вашата партија направија привезок на ДУИ. СДСМ, ЛДП и НСДП, верните слуги на корумпираната ДУИ, заради коруптивни побуди денес Македонскиот народ го направија кираџија во сопствената држава. Наместо ветената европеизација, денес пратениците од СДСМ, ЛДП и НСДП ви приредија една понижувачка ДУИ-изација на државата, ставајќи го на чело на владата Талат, другарот на Рамиз Мерко и на Пуцко Петрол. Талат ќе биде премиер на владата која има: Историски највисок јавен долг. Историски највисока инфлација. Историски најлошо здравство. Историски најсллабо образование. Историски најмногу лажни пасоши за нарко-босовите во Македонија и во регионот. Историски највисока корупција.

- За прв пат од постоењето на ДИК имаме нецелосен состав на ова најбитен државен орган, со одземено право на опозиционите партии Алтернатива и БЕСА да имаат свој член според закон. Главен и одговорен уредник на оваа незаконитост е Талат Џафери од ДУИ. Спроведувач на сценариото Марија Георгиевска од СДСМ, која ризикува и кривично да одговара заради кршење на деловникот и законите. Зарем има некој што очекува Талат да работи за фер избори. Не. Затоа, почитувани министри за внатрешни работи и труд и социјала, бидете многу внимателни. Пред вас ќе зборат за Европа и стандарди, зад вас ќе делат поткуп и ќе фалсифукуваат изборни записници за да го намалат поразот што ги очекува. Но, сепак верувам дека народната воља убедливо ќе ги порази и Талат, и Ковачевски, и Артан Груби. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за оваа влада. Прво затоа што сметаме дека корумпираната ДУИ не го заслужува премиерското место. Второ, затоа што ова е дел од нашата конечна политичка цел, а тоа е изборна победа и формирање на влада без криминалците од ДУИ. На 8ми мај народот ќе ги порази и слугите од СДСМ , и Талат и Артан Груби, и на 9ти мај ќе го прославиме денот на победата на Европа и Македонија ќе ја огрее ново сонце на слободата, истакна во обраќањетоМилошоски.


Слично

Поврзани вести