НЕ ОЧЕКУВА НАВИСТИНА ЛАДНО УТРО - температурите наутро длабоко во минус, еве какво ќе биде времето следните денови
Денеска не очекува повторно претежно сончево време, со мала до умерена облачност, при што утрото ќе биде ведро и студено, најавуваат синоптичарите.
Во текот на денот се очекува и засилен, повремено силен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h), соопштуваат од УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се спуштат и до осум степени под нулата, а најниска температура ќе има во Берово, додека во текот на денот максималната ќе достигне 11 степени, и вообичаено најтопол град ќе биде Гевгелија.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен, а утре повремено силен северен ветер (локално над 60 km/h.)
Слично
