Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не очекува многу студен викенд, наместа со снег

Не очекува многу студен викенд, наместа со снег

Претстојниот викенд ќе биде одбележан со неповолни временски услови, одбележани со намалени температури и снежни врнежи на повисоките места.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и суво, со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне, ќе има услови за претежно слаб снег. Утринската температура се движи од еден до седум, а дневната ќе биде од пет до 11 степени.

Во сабота ќе се задржи облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови.

Од недела ќе бидеме под влијание на релативно студена и влажна воздушна маса од која се очекуваат врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од земјава ќе бидат од дожд и снег.

До вторник  се очекува формирање на снежна покривка на повисоките места, а на планините значително зголемување на истата.


Слично

Поврзани вести