НЕ НИ ШУШКААТ КАКО ВИСТИНСКИ: Од каде доаѓаат лажните евра?
Најголемите количини фалсификувани пари што стигнуваат до Балканот и земјите од Европската Унија потекнуваат од нелегални фабрики лоцирани во Романија, а криминалните групи вклучени во нивната понатамошна дистрибуција купуваат фалсификати по цена што е само дваесет проценти од вредноста на оригиналните пари.
На пример, за еден милион евра фалсификувани пари се плаќаат 200.000 евра.
Според РТЦГ, лажни евра , кувајтски динари и американски долари се изработуваат во Романија, додека британската фунта е најтешка за фалсификување. Членовите на овие криминални групи сакаат да се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци, Чеси, а меѓу нив има и криминалци од поранешна Југославија.
Криминалците пребаруваат во весници и онлајн огласи за недвижности, скапи автомобили, јахти, вреден накит, часовници, уметнички дела, па дури и коњи.
Местата за состаноци обично се градови во северна Италија, а како „резервна опција“ криминалците користат и градови во Франција, земјите од Бенелукс или Шпанија. Тие дејствуваат во поголеми групи, што ѝ отежнува на полицијата да ја разбере структурата на групата и обемот на измамата, пишува Танјуг.
Ова им овозможува на криминалните шефови да ги држат оние пониски во хиерархијата несвесни за големината на пленот.
Бизпортал.рс