Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

По завршувањето на првиот круг од претседателските избори кога кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освои убедливо повеќе гласови од кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку фејсбук испрати порака дека неговата партија не смее да се откаже.
„Не ни личи нам од СДСМ да застанеме и да не се бориме, не застанавме кога зависеше дали ќе останеме живи на 27 април, останавме цврсти, успеавме да го срушиме режимот.

Одговорноста на СДСМ е дотолку поглема да направиме се’ да не ги разочараме идеалите и да не ги напуштиме идеалите на нашите предци, оние кои се вградени во темелите на современата македонска држава. И, точно е дека оваа држава е создадена на телемите на Народноослободителната борба и на борбата на партизаните, и тоа никогаш не смее да го заборавиме и никој никогаш нема да биде поголем чувар од СДСМ за овие вредности.

Не смееме да се откажеме од инднината! Масовно на 8 мај за бројот 1!“, напиша тој на фејсбук.




Слично

Поврзани вести