Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ НИ Е ДАДЕНА УНИФОРМА, САМИ ЈА КУПУВАМЕ: Независниот синдикат на затворска полиција му се обрати на Пандов

НЕ НИ Е ДАДЕНА УНИФОРМА, САМИ ЈА КУПУВАМЕ: Независниот синдикат на затворска полиција му се обрати на Пандов

Независниот синдикат на затворска полиција и администрација, со реакција до директорот Александар Пандов во врска со нападите упатени кон нив и нивните колеги.

Од синдикатот велат дека многу е лесно да се нападне затворски полицаец.

- Дали некој се запрашал низ што се поминува еден затворски полицаец? Дали вие господине Пандов сте се запрашале? Колку возила на затворски полицајци се запалени само во Идризово?   Колку закани се претрпени од осудени лица и нивни надворешни соработници? Ако неколку затворски полицајци го прекршиле законот, значи ли дека сите се бават со криминал? - велат во соопштението оттаму.

Потенцираат дека со децении не им е дадена униформа, дека сами се снаоѓаат и дека ја купуваат.

- Дали ја знаете бројката колку колеги напуштија од психичка неиздржливост? Треба да се запрашате кој ќе работи под овие услови! Зошто не кажавте колку плата земавме до скоро време, да сега сме подобри ама кога би земале фул вишок саати и празник, да ќе стигнеме до 50.000 и незнаеме дали сме трети по ранг во државава најплатени? - реагираат од синдикатот.

Оттаму со предлог, да ги поканат медиумите да видат со какви возила за спровод располагаат и колку се тие безбедни.

- Колку спроводи има во денот, а колку возила има?  Најлесно е секогаш да се нападне затворскиот полицаец  да биде тема за критики по медиуми и социјални мрежи - се вели во реакцијата.


Слично

Поврзани вести