Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ, НЕМА ДА ВИ ЗАМЕРАМ ЗА КРИТИКИТЕ КОН НИКОЛА, ТОЈ ЌЕ МОРА ДА СЕ НОСИ СО НИВ, ТАКА СЕ СТАНУВА ВРВЕН СПОРТИСТ“ - се огласи таткото на Никола, Бојан Ѓуретановиќ

„НЕ, НЕМА ДА ВИ ЗАМЕРАМ ЗА КРИТИКИТЕ КОН НИКОЛА, ТОЈ ЌЕ МОРА ДА СЕ НОСИ СО НИВ, ТАКА СЕ СТАНУВА ВРВЕН СПОРТИСТ“ - се огласи таткото на Никола, Бојан Ѓуретановиќ

Преку социјалната мрежа фејсбук се огласи таткото на нашиот пливач, Никола, Бојан Ѓуретановиќ.

„Еве полека, но сигурно завршува овој долг ден, полн со адреналин, емоции, надеж и очекувања. Ви благодарам на огромната поддршка драги пријатели. Не, нема да замерам на критиките упатени кон Никола, затоа што тој ќе мора да се носи со сите пофалби, но и критики. Така се станува врвен спортист. Најдоброто од него допрва следува“, пишува на својот фејсбук профил Бојан Ѓуретановиќ, татко на Никола, кој вчера се натпреваруваше на Олимписките игри во пливање, освојувајќи го последното место, а за што тој проговори дека причина е неговата младост, но и тремата која ја имал пред натпреварувањето.


Слично

Поврзани вести