Не, не се спасивме од зимата уште: Чекајте го циклонот Марко и нов снег
Зимата ќе царува уште некој период. Ако мислевте дека последниот снег за годинава падна претходната недела се лажете.
Барем така велат некои прогнози.
Метеорологот Славчо Попоски најавува нов снежен бран но и врнежи од дожд.
Според неговите предвидувања доаѓа циклонот Марко кој од вечерва ќе условува почести врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините
На местата со надморска височина од под 1000 метри ќе има услови за дожд а температурите ќе се движат од 2 до 1- степени.
Повремно услови за врнежи од дожд и снег има понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Слично
