Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Лажни наградни игри се шират на интернет

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Лажни наградни игри се шират на интернет

Лажни наградни игри се шират на интернет, при што на граѓаните им се нудат мобилни телефони по многу ниски цени. Како организатор на наградата игра се наведува Пошта. Од оваа институција појаснија дека тие не стојат зад никаква наградна игра и повикаа ваквите случаи да се пријават. 

„А.Д. Пошта на Северна Македонија во моментов не организира никакви наградни игри, ниту побарува било какви лични податоци од граѓаните на социјалните мрежи. Ве повикуваме да го пријавувате секој ваков неовластен обид за злоупотреба до нас или директно до Министерство за внатрешни работи“, информираше деновиве директорот Јани Макрадули. 

Ова не е прв ваков случај. И претходно, во земјава иамло слични обиди граѓаните да бидат измамени. 

Слично

Поврзани вести