Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Измамници „олесниле“ прилепскa брачна двојка за скоро 900.000 денари

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Измамници „олесниле“ прилепскa брачна двојка за скоро 900.000 денари

Нова модерна измама со апликација остави прилепскa брачна двојка без речиси 900.000 денари. 

Жената пријавила во полиција дека од 27 февруари 2025 година до моментот на пријавувањето, од нејзината банкарска сметка биле повлечени 616.000 денари, а од сметката на нејзиниот сопруг – 280.000 денари.

Нив ги контактирале лица кои се претставиле како вработени во компанија која се занимава со тргување на берза со злато и пари. Овие лица им побарале да симнат апликација и да се регистрираат на истата, а за потребите на регистрацијата, им биле побарани и нивните матични броеви, кои тие ги споделиле со измамниците. Полицијата ја истражува ситуацијата и презема мерки за расчистување на случајот. Во полициските билтени често има пријави за финансиски измами. 

Слично

Поврзани вести