НЕ НAРЕКОА СКОПЈЕ, ПЈРМ, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Што пишуваат грчките медиуми за Протоколот?
Во грчките медиуми потпишаниот протокол за НАТО е топ тема.
„Скопје во НАТО: Во Брисел потпишан протоколот за пристапување“, „Членките на НАТО го потпишаа протоколот за пристап на Северна Македонија во Алијансата“, „Северна Македонија: НАТО го потпиша протоколот за нејзин пристап“, „Историски момент за ПЈРМ: Потпишан протоколот за членство на Скопје во НАТО“, се само дел од насловите во грчките медиуми за потпишаниот протокол во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.
АНА-МПА, во посебен текст под наслов „Столтенберг: Импресиониран сум од храброста и посветеноста на Ципрас и Заев“, ги пренесува изјавите на генералниот секретар на НАТО и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
Дел од медиумите во Грција, во нивните текстови веќе го користат името Северна Македонија, други привремената референца ПЈРМ.
Дописничката од Брисел на грчката телевизијата Скај, за време на целиот нејзин извештај го користеше името Северна Македонија.
