Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ НА УБИСТВОТО НА МИРОВНИОТ ДОГОВОР ОД 2001“: Османи вели дека нападната е етничката хармонија во земјава

„НЕ НА УБИСТВОТО НА МИРОВНИОТ ДОГОВОР ОД 2001“: Османи вели дека нападната е етничката хармонија во земјава

Бујар Османи со уште една реакција за балансерот.

Вели дека тоа е убиство на Охридскиот рамковен договор.

„Денес е втор ден од најголемиот напад врз Охридскиот мировен договор и меѓуетничка хармонија во земјава. Во моите досегашни реакции, никогаш не сум споменал политички партии, бидејќи ова не е прашање на меѓусебни обвинувања меѓу БДИ и ВЛЕН.

Не сакам ни ВЛЕН да го обвинувам за одлуката на Уставниот суд, иако Влен има одговорност за обид да ја оправда оваа одлука.

Ова повеќе не е еднопартиска битка.

Но, тоа е еден од оние моменти кога треба да се обединиме и да кажеме НЕ на убиството на Мировниот договор од 2001 година.

ВЛЕН нема причина да биде во одбрана на оваа одлука на Уставниот суд.

Ако не се собереме сите – политичари, неполитички актери, интелектуалци и граѓани – да го отфрлиме овој смртоносен удар на Охридскиот договор и еднаквост, тогаш кога ќе го отфрлиме?“ напиша тој.



Слично

Поврзани вести