Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ МУ ГИ ИСПЛАТИЛЕ ДНЕВНИЦИТЕ: Работник им се заканувал со нож и им ја расекол гумата на газди од Трубарево

НЕ МУ ГИ ИСПЛАТИЛЕ ДНЕВНИЦИТЕ: Работник им се заканувал со нож и им ја расекол гумата на газди од Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е поведена постапка против едно лице за „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ откако поради неисплатени плати им се заканувал со нож на сопружници-газди од Трубарево, а при тоа пред нив им ја расекол едната гума од автомобилот.

„Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот им го попречил патот, застанувајќи пред возилото со нож во рацете. 

Агресивно замавнувал, ги навредувал и им се заканувал, а потоа со ножот им ја исекол левата задна гума од автомобилот. Оштетениот се обидувал да го смири, а неговата сопруга исплашена побегнала и влегла во казино во близина од каде повикала полиција“, објави Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки за претпазливост за оштетениот – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување до оштетените.


Слично

Поврзани вести