Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ МУ ДАВАЈТЕ ВОДА НА ЛИЦЕ БЕЗ СВЕСТ: Што да се прави при колабирање во пеколниве температури

НЕ МУ ДАВАЈТЕ ВОДА НА ЛИЦЕ БЕЗ СВЕСТ: Што да се прави при колабирање во пеколниве температури

Прекумерната топлина доведува до прекумерно потење, со кое се губат електролити, што во случај кога не пиете доволно вода може да доведе до колапс на здраво лице.

Високите температури на воздухот доведуваат до проширување на крвните садови, така што има сè повеќе луѓе кои имаат проблеми со крвниот притисок, но и со несвестица.

Во периодот на тропска топлина, каква што е сега во Македонија колапсите се чести. Но како да му помогнете на некого што има таков проблем а е во ваша близина?

Докторката Ивана Стефановиќ за Блиц објаснила дека ако лицето што паднало треба, доколку дише, да се сврти на страна, да му се постави главата во добра положба и ако лицето е во свесна состојба може да му се даде вода. 

„Но ако му дадете вода на лице кое се онесвестило и е без свест ризикувате вода да влезе во неговите бели дробови. Ако лицето е свесно, тогаш треба да му помогнете да пие вода, да земе нешто слатко, дури и солено, затоа што му се намалил крвниот притисок и се изгубиле електролитите, вели Стефановиќ.

Денеска колабираше полицаец, а за освестувањето помогна и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која е лекар по професија.

Слично

Поврзани вести