Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ МОЖЕШ ДРЖАВА ДА ВОДИШ СО ТАКВИ КОИ ПЛАЌАЊЕТО СТРУЈА ШТО ЈА КОРИСТЕЛЕ ГО ДОЖИВУВААТ КАКО АТАК НА НИВНОТО СЕЛО: Тасевски повторно распали

НЕ МОЖЕШ ДРЖАВА ДА ВОДИШ СО ТАКВИ КОИ ПЛАЌАЊЕТО СТРУЈА ШТО ЈА КОРИСТЕЛЕ ГО ДОЖИВУВААТ КАКО АТАК НА НИВНОТО СЕЛО: Тасевски повторно распали

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил сподели став околу синоќешниот инцидент во Слупчане.

„ Не можеш бе држава да изградиш со такви групи кои плаќањето струја што ја користеле го доживуваат како како атак на нивното село или племе. Како чин на етничка агресија и нивна дискриминација

Не можеш.

Еден комшија, во ЕВН работеше, одеше да бара диви приклучоци по овие проевропски супермодерни села и заедници каде плаќањето струја го сметаат за примитивно, беше тепан, навредуван, еднаш едвај жива глава спасил од мештаните кои додека се на печалба у Швицарска не смеат да плукнат на улица а не да не платат струја.

Човеков прво бараше што било да го стават да му намалат и плата само да не го праќаат во овие недопирливи села од законот на оваа НЕдржава.

Се разболе од ПТСП синдромот поради траумите по тие села, заканите. , се пропи од тие стресовите што ги преживеа, Не е више за ништо, иако работи нешто десето. Ти кажуе нешто и одеднаш ќе почне да плаче, ничим изазван.....

А бе каква Европа. Ние сме Европа само географски. Инаку сме деволуирале 20 века. Ментално сме на ниво на скандинавците од 1 век кога живееле со мечки и мочале по пештери во огнот, додека овде имало цивилизација.

Не можеш да живееш со секој. Не можеш ни гранапче да водиш со партнер што те краде.

А не па држава.“ напиша тој.



(ВИДЕО), Ноќен бунт во Слупчане, липковското село остана без струја


Слично

Поврзани вести