Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ МОЖЕ СИТЕ 809 ДЕЛЕГАТИ ДА ИМАААТ ИСТО МИСЛЕЊЕ - Николовски за критиките на Конгресот

НЕ МОЖЕ СИТЕ 809 ДЕЛЕГАТИ ДА ИМАААТ ИСТО МИСЛЕЊЕ - Николовски за критиките на Конгресот

Единството во СДСМ секогаш е основа и база на победите и на промените. Тоа го докажавме на 17 мај 2017 година, клучниот датум кога граѓаните се кренаа и дојдоа по промените, срушија режим, донесоа слобода и демократија, порача вечерва генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, во интервју дадено за ТВ Сител.

„И тогаш бевме единствени и секако и денеска СДСМ е повеќе од единствен. Вчера на 26-от Конгрес на партијата испорачавме нова кадровска и нова програмска политика, но не може сите 809 делегати да имаат исто мислење по било кое прашање. Ние ги поткрепуваме и поттикнуваме дебатата, дискусијата и различното мислење и тоа се дел од новите политики – вклучувањето и отвореноста на СДСМ за луѓе кои не размислуваат исто како секој од нас. Сме имале различни ставови и во раководството по одредени прашања и постојано ја поттикнуваме дебатата за да изградиме исправни политики, на овој модерен, европски, разнолик СДСМ каков што денеска го имаме“, рече Николовски во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека вчерашниот конгрес донел нови генерациски промени во СДСМ и додаде дека новите кадри и генерација на партијата треба да ги искористат искуствата од поранешното раководство и да испорачаат резултат, проекти и идеи кои од нив ги очекуваат граѓаните.

„Вчера имаше и дебата и дискусија, но и огромно единство при носењето на сите одлуки“, рече Николовски.

Слично

Поврзани вести