„Не може прашањата поврзани со историјата, културата и идентитетот да бидат условни“: Силјановска Давкова за условите од соседите на патот кон ЕУ
Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова во синоќешното гостување на телевизиска емисија се осврна на проблемите поврзани со нашиот источен сосед, Бугарија.
Според неа има неколку моменти кои можат да се надминат со протокол, имено Силјановска Давкова за 24 Анализа посочи дека Бугарија во нов протокол треба да се обврзе дека нема да не блокира за идентитетски прашања.
- Нека бидат креативни, пред протокол, нека усогласат, дека не може прашањата врзани за историјата, културата и идентитетот да бидат условни - посочи Силјановска Давкова.
Еве го нејзиното објаснување за Телевизија 24:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
