НЕ МОЖЕ ДА БАРАТЕ ОД НЕКОЈ ДА ГИ СТАВИ ВАШИТЕ ГРАЃАНИ ВО УСТАВ, А ВИЕ ТОА ДА НЕ ГО ПРАВИТЕ! Димитровски за бугарските условувања
Заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски-Жоро, во гостувањето на Канал 5 во Само вистина, рече дека бугарските условувања се апсурдни, затоа што бараат нивни граѓани да бидат ставени во македонскиот Устав, а самите тие тоа не го направиле со нивните малцинства.
„Апсурдно е да барате од некои, нивните граѓани да бидат дел од нашиот Устав, а вие да не почитувате елементарни човекови права на граѓанско здружување! Во Бугарија има национален совет за соработка за етнички и интеграциски прашања, кадешто има 9 етнички малцинства. Значи Ерменци, Роми, Турци, Грци, Власи, Каракачани, Украинци, но нема Македонци и Помаци, бидејќи не ги признаваат Помаците - исто за Бугари ги третираат. И тоа се тн традиционални малцинства пред 1878 година, пред да се формира бугарската држава, односно, пред Русија да им ја формира државата“, рече тој.
