Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ МОЖАМ ДА ГО КОМЕНТИРАМ НАОДОТ НА ДСЗИ ЗА ПОЧИНАТОТО ДЕВОЈЧЕ, СЛУЧАЈОТ ГО ПРЕЗЕДЕ ОБВИНИТЕЛСТВОТО - д-р Обедниковски во понеделник ја очекува Комисијата од МЗ

НЕ МОЖАМ ДА ГО КОМЕНТИРАМ НАОДОТ НА ДСЗИ ЗА ПОЧИНАТОТО ДЕВОЈЧЕ, СЛУЧАЈОТ ГО ПРЕЗЕДЕ ОБВИНИТЕЛСТВОТО - д-р Обедниковски во понеделник ја очекува Комисијата од МЗ

Не можам да го коментирам наодот за починатото девојче, кој го изготви Државниот здравствен и санитарен инспекторат, бидејќи случајот го презеде Јавното обвинителство, и не би смееле да се изнесуваат детали за да не и се наштети на истрагата.

Ова во својата куса денешна изјава го кажа директорот на Битолскакат болница д-р Александар Обедниковски.

Тој вели дека очекува во понеделник битолската болница да ја посети Комисија формирана од министерот за здравство, која ќе направи дополнителни проверки, односно уште еден надзор на работењето и постапувањето, по што би се излегло со повеќе детали за смртта на шестгодишната Јана од битолското село Кравари.

„Јас го прочитав извештајот на ДЗСИ објавен на нивната веб страница, а во понеделник очекувам тој документ и официјално да ми биде доставен. Не можам да коментирам какво е моето мислење за извеѓтајот на ДЗСИ, бидејќи случајот го презеде обвинителството“, вели д-р Обедниковски.

Како што веќе објавивме, ДЗСИ доцна синоќа излезе со опширен извештај за својот наод по контролите во битолската болница, а во кој велат дека не пронашле лекарска грешка во третирањето на малата Јана. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести