ВЕЌЕ НЕ МОРА ДА БРЗАТЕ ОД РАБОТА: Град Скопје почнува со работа во две смени
Изборните ветувања кои ги даде градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги преточува во реалност.
Токму вчерашната најава за работата на градската администрација е доказ за тоа.
Имено, повеќе нема да мора да брзате од работа веднаш да ги подмирувате и регулирате даноците и комуналии бидејќи од следната недела стартува двосменското работење во бараката број 16 во општината.
Работното време ќе биде од 7:30 до 19:30 часот со две паузи од 11:30 до 12 часот и од 14:30 до 15 часот.
Шилегов вчера рече дека се работи интензивно на подготвување на реален едношалтерски систем во кој граѓаните ќе можат оние активности кои се врзани и со градската адиминстрација да ги извршуваат и на шалтерите на централната власт и на скопските општини со цел услугите кои ги дава Град Скопје да бидат транспаренти, едноставни и лесно достапни за секој наш сограѓанин,
