Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Не мора цел август на одмор, ама јас секако ќе користам десет дена

Заев: Не мора цел август на одмор, ама јас секако ќе користам десет дена

Како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право затоа што само одморен човек, работник, па и пратеник може да биде поефикасен, изјави премиерот Зоран Заев како коментар на предлогот на Демократскиот сојуз (ДС) – пратениците и министрите во текот на јули и август да работат наместо да одат на одмор. 

„ Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинден Парламентот заминува на одмор, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер и јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки. Како ќе одлучат тие, јас ќе го почитувам тоа. Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор, дециден е Заев.
Демократски сојуз (ДС),  предложија пратениците, но и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да одат на работа за да се искористи периодот за подготовка и носење на закони за непречена работа на компаниите, подготовки за враќање на учениците и студентите во училиштата и факултетите, спроведување на реформи неопходни за имплементација на стандардите на ЕУ и за подготовка на Платформа за поефикасно справување со пандемијата.

Слично

Поврзани вести