Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НЕ МИ ЗБОРУВАЈТЕ ЗА РЕСТАРТ НА СИСТЕМОТ ДОДЕКА ПРОТИВПОЖАРНИОТ НИ Е ВО КОЛАПС“: Мојсоска со остра забелешка

„НЕ МИ ЗБОРУВАЈТЕ ЗА РЕСТАРТ НА СИСТЕМОТ ДОДЕКА ПРОТИВПОЖАРНИОТ НИ Е ВО КОЛАПС“: Мојсоска со остра забелешка

Кочани има 16 пожарникари, иако законскиот минимум е 32. Кобната вечер се гасел пожарот со возила постари од 20 година, а еден пожарникар морал да седи во возилото за да не изгаси.

Ова го напиша на Фејсбук пратеничката од редовите на опозициската Левица, Јована Мојсоска, која упати остра критика до власите во нашата земја, бидејќи вложуваат и трошат пари на разни проекти, но не и во најнеопходните елементи за заштита на сите граѓани.
- Од другата страна, имаме 500 милиони евра фрлен КРЕДИТ за локални патишта, паркчиња и играчки затоа што идат локални избори. Земаме кредит и се задолжуваме за најосновни функции на општините, наместо за капитални инвестиции.

Не ми говорите за некаков рестарт на системот додека противпожарниот систем ни е во КОЛАПС, а владата троши кредит само за бустање на својата победа на локални избори - напиша Мојсоска. 

Еве ја нејзината објава: 

Слично

Поврзани вести