Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не купувала ништо 200 дена и еве што научила

Не купувала ништо 200 дена и еве што научила

Асја Барет по смртта на својот татко морала да го испразни станот и многу работи издвоила да ги рециклира, фрли или да ги продаде за што чувствувала загуба. 

„За купување на сите тие работи било потребно време, пари, напор, а на крајот сето тоа со тешки маки беше тргнато“ - вели таа. 

Потоа оваа девојка решила 200 дена да не купува ништо и да направи еден експеримент. 

Во тој период купувала само храна, лекови и средства за хигиена. 

Научила дека во светот има многу работи кои постојано се произведуваат и додека едни фрламе се произведуваат нови. 

Вели дека често купувањето се прави не од потреба туку од нагон и внатрешен порив. 

Додава дека луѓето кога земале од неа облека, па и мебел сметале дека тоа е нецивилизирано или нехигиенски. 

За тие 200 дена сфатила дека не мора да купува во големи маркети и дека некои работи луѓето можат да ги понудат за малку пари или бесплатно. 

Барет додава дека кога нешто не е ново, не е ни скапо, а за 200 дена нејзината сметка во банка се опоравила. 

Вели дека чувството е убаво кога плаќате на човек, а не на компанија. 

Смета дека многу од работите кои ги има не се неопходни. 

Слично

Поврзани вести