„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот
Граѓанката Бети Котовчевска дава неколку совети за оние што за денешниот празник Водици ќе скокаат по крстот.
Хелоу екипица, сакам да упатам еден апел до сите ѓраѓани на Република Македонија!
Утре е најголемиот Христијански празник Водици - Богојавление!
Денот на кој според Христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење!
Во оваа прилика јас која што веќе 9 години се занимава со капение во ладни води сакам да ви дадам неколку корисни совети на сите вас кои што планирате да се капите утре!
Прво и најбитно правило:
НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ!
НИКАКО НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ!
Знам дека живеете со уверување едно раќивче ќе ме стопли, не и не, не е така, тоа е мит.
Вие сте комплетно задолжени за терморегулација на вашето тело,алкохолот можи само да ви влоши.
А КАКО ТОА ПРАВИЛНО СЕ ИЗВЕДУВА?
ЕВЕ ВАКА:
1.Аклиматизација - Разголете го вашето тело пред влегувањето со тоа му давате информација на вашиот мозок што ќе правите, а телото постепено ќе се подготвува за шокот.
(Шокот е здрав, доколку правилно се изведува капението)
2.Ставете фокус на вашето дишење од моментот кога ќе пристигнете до ладните води, па се до крајот.
Свесно вдишување со нос, го носите воздухот до дијафрагма(кај мешето) од таму отворате средина на стомак, па гради, а потоа и лесно го испуштате низ уста.
Првите неколку вдишувања ќе ви се избрзани и можеби на уста и тоа е нормално, не се паничи не дозволувај паниката да те обземе.
Врати се во здивот, врати се на дишење преку нос.
Слично
