НЕ КОЈ, ТУКУ КАКО И КАКВИ ЛУЃЕ НИ СЕ ПОТРЕБНИ - Јован Деспотовски поднесе кандидатура за лидер на СДСМ
СДСМ информира дека денеска во седиштето на партијата, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднел Јован Деспотовски.
До Централната изборна комисија, Деспотовски ја доставил и неговата програма „Концепт 28“ во која според Деспотовски фокус се луѓето.
Основната цел е обезбедување на повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани, а програмата „Концепт 28“ нуди поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките и мерките.
„Нудиме концепт во политиката што нема да поаѓа од „Кој“, туку од „Како“ и „Каков човек/луѓе“ ни се потребни. Концепт што, преку конкретни и мерливи резултати, ќе ја зацврсти СДСМ како водечка политичка организација во Северна Македонија и по следните парламентарни избори. Концепт што ќе обезбеди континутет и квалитет во спроведување на современите вредности и прогресивните политики до 2028 година“, стои во програмата на Деспотовски која што е доставена.
Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, програмите на кандидатите кои ги доставиле во електронска форма се достапни на следниот линк: https://sdsm.org.mk/vonredni-vnatrepartiski-izbori.
Рокот за доставување кандидатури истекува денеска во 16 часот, по што утре Централната изборна комисија ќе ги анализира и ќе ги верификува оние кандидатури кое се во согласност со наведените критериуми.
