Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Не кочете на зелено трепкаво светло“ - Safe City ги скара скопјани на социјалните мрежи

„Не кочете на зелено трепкаво светло“ - Safe City ги скара скопјани на социјалните мрежи

Како ги поминувате раскрсниците, сега кога знаете дека не смеете да стиснете на педалата за гас, без да ве фати радар? Стискате ли веднаш на сопирачките?

„Нема ништо да ви биде ако поминете на трепкаво зелено светло“ - вели еден револтиран Скопјанец на социјалните мрежи, опоменувајќи ги сограѓаните, кои од страв да не заработат казна од „Безбеден град“ се вкопуваат во место и нагло кочат додека семафорот ги опоменува.

Цели десет години пред да се воведе системот за електронско следење на крстосниците „Безбеден град“, градот Скопје воведе трепкаво зелено светло на семафорите, со цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот.

Трепкавото зелено светло има намена да ве предупреди дека наскоро се завршува зеленото светло и слободниот премин на раскрсницата.

Според она што се учи на теоретската настава за полагање возачки испит, на жолто светло мора да запрат сите учесници во сообраќајот, освен возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да запрат, а да не го поминат тој знак.

Но, некои возачи или ги заборавиле овие важни детали од теоретската настава, или, пак, се преплашени дека може да добијат казна до 250 евра од Safe City и одземање на возачката, па кога ќе видат дека зеленото светло почнува да трепка „се вкопуваат“ во место и кочат нагло.

На оваа тема беше отворена дискусија и на социјалната мрежа Reddit, каде еден изреволтиран Скопјанец напиша:

„Нема ништо да ви биде ако поминете на трепкачкото зелено, значи го гледаш кај што трепка и ти со сета сила маваш на кочници. Па дали си нормален човече, не те казнува Панче не се секирај“.

Некои во дискусијата потсетија дека од такви причини секогаш треба да се држи растојание од возилото што е пред нив, но други, пак нагласуваат дека од тие причини досега за малку ќе направеле сообраќајна несреќа.

„2 пати ќе направев сообраќајка заради ова и тоа беше пред камерите, сеа веќе очекувам дека ќе направат препроверка. Од друга страна го разбирам стравот дека ако те фати камера одма добиваш времена забрана.

Искрено ова со трепкањево е многу полош метод од оние бројкине што ги имаше порано, дека сега не знаеш точно кога ќе светне жолто“ - стои во еден од коментарите.

Трет пак, појасни зошто некој би кочел на раскрсница кога зеленото светло е трепкаво:

„Од каде да знам уште колку трепкања има до жолто? И зошто би ризикувал одземање на возачка за минутка порано да стигнам? Јас гледам колку помалку да закочам сообраќај ама ги разбирам оние што кочат“...

„Кога ќе се изгориш на млекото, ќе дуваш и на јогуртот, веќе сите кочат на првото трепкање, како што се навикнувате на Safe City, навикнете се и на ова, и мене ми смета кочењето, ама сите кочат“...

„Трепка ли зелено, јас си прикочувам да застанам. Ниту ме интересира колку трепка, ниту планирам да бројам трепкања, ни да ризикувам казна.

На време успорувам и очекувам тој зад мене да види и да не ми се бутка“  - стои во дел од другите коментари.

„Браво, ќе заштедиш за одмор!“ - му одговори друг учесник во дискусијата.

Вие што мислите? Треба ли да се кочи штом почне да трепка зеленото светло? 

Како ги поминувате раскрсниците, сега кога знаете дека не смеете да стиснете на педалата за гас, без да ве фати радар? Стискате ли веднаш на сопирачките?

РЖМ / Б. С. Б.

Фото: Pexels


Слично

Поврзани вести