НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Македонија уште два дена во портокалова фаза
Македонија и следните два дена се очекува да биде во портокалова фаза.
Просечните температури во наредните денови ќе се движат околу 38 степени.
Слично време ќе имаме до петок, а потоа според метеоролозите ќе дојде до мала промена, но дневните температури ќе останат високи.
Министерството за здравство апелира да не се излегува без потреба меѓу 11 и 17 часот, да се носи лесна и светла облека, да не се јаде тешка и мрсна храна и да се пијат што е можно повеќе течности.
На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да го контактираат матичниот лекар.
Во меѓувреме, Државниот инспекторат за труд веќе изрече и парични казни за 84 фирми поради тоа што не ги почитувале препораките за заштита на работниците од топлото време.
